10-годишнина од убиството на таткото на поранешниот либански премиер

Поранешниот либански премиер, Саад ал-Харири.

Поранешниот либански премиер, Саад ал-Харири, пристигнал во Либан за одбележувањето на 10-годишнината на атентатот врз неговиот татко. Либанските медиуми објавија дека Ал-Харири планира денеска да одржи говор на церемонијата посветена на неговиот покоен татко во центарот на Бејрут. Ал-Харири ретко го посетува Либан, откако ја напушти земјата во 2011 година кога неговата влада беше соборена од коалицијата во која беше вклучена и шиитската организација Хезболах која е поддржана од Иран. Тој сега живее во Саудиска Арабија и во Франција. Неговиот татко Рафик ал-Харири беше убиен во бомбашки напад во Бејрут во 2005 година, што речиси предизвика граѓанска војна во земјата. Во бомбашкиот напад загинаа 21 луѓе.