Спречен масовен вооружен напад за Денот на вљубените во Канада

Илустрација.

Канадската полиција вчера соопшти дека спречила заговор во кој најмалку две лица наводно планирале масовен вооружен напад за денеска, за Денот на вљубените на празникот Свети Валентин во Нова Шкотска на истокот на земјата. Кралската канадска коњичка полиција соопшти дека во заговорот биле вклучени 19-годишно момче и 23-годишна девојка. Неименуван претставник на полицијата за новинската агенција Асошиејтед прес изјави дека двајцата наводно биле опседнати со убиства и смрт и оти имале многу фотографии од масовни убиства. Полицијата претходно соопшти дека во заговорот биле вклучени уште две момчиња на возраст од 17 и 20 години, но оти инспекторите сè уште се обидуваат да ја утврдат нивната улога во случајот.