Тенковска битка во источна Украина

Во моментов наводно е во тек тенковска битка во источна Украина и владините сили продолжуваат да се борат против проруските сепаратисти, во пресрет на претстојниот прекин на огнот што беше договорен во Минск.

Владината единаца Азов, денска соопшти дека се ангажирани во тешки борби против единиците на сепаратистите во областа Волновахск во Доњецк.

Според извештаите во битката исто така се користи и тешка артилерија. Секретарот на украинскиот Совет за безбедност и одбрана, Олех Турчинов тврди дека владините сили ја презедоа контролата во другите села во областа, вклучително Павлопил, Коминтернове и Лебединск.

Не е познато колкава е бројката на жртвите. Борбите доаѓаат по договор во Минск од пред два дена, со кој се повикуваат двете страни на 15 февруари да го прекинат огнот во источниот дел на Украина.