Средба Заев - Брет за прислушувањето


Раководството на СДСМ внимателно ќе го води процесот на објавување на вистината за Македонија, имајќи ги предвид интересите на граѓаните и државата, рекол лидерот на СДСМ, Зоран Заев, на денешната средба со амбасадорот на ОБСЕ во Македонија, Ралф Брет, и со шефот на отсекот за политички прашања на ОБСЕ, Џемјс Де Вит.

Тој посочил дека прислушувањето на над 20.000 граѓани од службите под контрола на Никола Груевски и неколкумина околу него, само по себе е скандалозно и недозволиво за една нормална, демократска држава.