Германија, Италија и Саудиска Арабија ги затвораат амбасадите во Јемен

A Yemeni soldier stands guard outside the UU embassy in the capital Sanaa.

Германија, Италија и Саудиска Арабија денеска објавија дека ги затвораат нивните амбасади во Јемен, поради насилствата кои во моментов се случуваат во проблематичната земја.

Потезите следат отако исти одлуки оваа недела донесоа САД, Велика Британија и Франција. Италијанското министерство за надворешни работи соопшти дека амбасадорот се враќа во Италија, додека во Берлин портпаролот на Министерството за надворешни работи соппшти дека нивните вработени денеска го напуштаат Јемен.

Саудиска Арабија за запирање на работата на амбасадата го неведе влошувањето на безбедносната и политичката ситуација во земјата и дека го евакуираат својот персонал од Сана.

На крајот на јануари, бунтовниците „Хутис“ ги ставија во домашен притвор претседателот Абу Рабу Мансур Хади и неговите соработници, што доведе до нивни оставки. Потоа бунтовниците го распуштија Парламентот и објавија дека ја преземаат власта.