Во судири во Бурма загинаа 47 војници

Во судирите меѓу трупите на Бурма и бунтовниците од племето Коканг во близина на кинеската граница загинаа 47 владини војници, а 73 се ранети. Државнитемедиуми во Бурма денеска соопштија дека имало повеќе од 133 судири во последните неколку дена меѓу владините трупи и бунтовниците на племето Коканг во близината на Лаукаи, кај киеската граница. Бројот на жртвите на бунтовниците не е познат. Борбите биле доволно сериозни за владата да ја информира Кина, која е загрижена за судирите бидејќи ги принудува жителите да бегаат преку границата. Герилците на Коканг порано беа главната борбена сила на единицата на сега непостоечката Комунистичка партија на Бурма, до прекинот на огнот потпишан со тогашната воена влада во 1989 година.