Најмалку 19 загинати во напад врз џамија во Пакистан

Милитанти нападнаа шиитска џамија во северозападниот дел на Пакистан, убивајќи најмалку 19 луѓе, а ранети се повеќе од 60. Очевидци велат дека денеска верници се собрале за петочните молитви во Имамија џамијата во Пешавар, кога милитантите почнале да фрлаат рачни бомби внатре во џамијата, а потоа отвориле оган.

Телевизиските снимки покажаа како луѓето бегаат од областа од каде се креваше густ чад и амбулантните возила ги земаа повредените. Очевидец вели дека имало голема експлозија и дека гледал многу повредени како лежат околу него. Никој во моментов не презема одговорност за нападот.