Картер доби поддршка на Сенатот за шеф на Пентагон

Ештон Картер

Американскиот Сенат со убедливо мнозинство ја потврди номинацијата на Ештон Картер на чело на министерството за одбрана. 60 годишниот Картер беше именуван од претседателот Барак Обама на местото на Чак Хејгел кој си поднесе оставка. Ова е четврти министер за одбрана во изминативе шест години на администрацијата на Обама. Покрај искуството во Пентагон, Картер е познат и по многуте академски дипломи. Тој на Јеил дипломирал физика и средновековна историја, додека на Оксфорд теориска физика.