Грција на разговори со меѓународните кредитори

Грчкиот премиер Алексис Ципрас најави дека денеска во Брисел ќе разговара со претставници на Европската комисија, Европската централна банка и ММФ во врска грчките економски проблеми и заложбата на неговата влада повторно да преговара за условите на пакетот за финансиски спас на Грција. Без нов заем од меѓународните кредитори Грција би можело да се соочи со банкрот.