Уапсен функционер во кабинетот на градоначалникот на Тбилиси

Министерството за внатрешни работи на Грузија соопшти дека уапсило висок функционер од кабинетот на градоначалникот на Тбилиси, по обвиненија за корупција.

Во соопштението министерството вели дека Јокија Бодокија, шеф на администрацијата за надзорни услуги во канцеларијата на градоначалникот на Тбилиси, бил уапсен под сомнение за примање 50 илјади долари мито од една компанија, во замена за дозвола за изградба на хотел во главниот град на Грузија.

Градоначалникот на Тбилиси, Давид Нарманија рече дека неговата канцеларија е заинтересирана за објективната вистина во овој случај и дека ќе соработува во истрагата.

На денешната седница на Владата премиерот, Иракли Гарибашвили рече дека властите треба веднаш да ја ги искоренат случаите со корупција.