Драстичен пад на слободата на медиумите во светот

Во денеска објавениот годишен извештај на Репортери без граници се наведува дека во минатата година бил забележан драстичен пад на слободата на медиумите во светот, главно поради активностите на екстремистичките групи како Исламска држава и Боко Харам. Во извештајот се додава дека лани во 180 земји имало 3719 нарушувања на медиумските слободи, што е за осум проценти повеќе од претходната година. Најниско ниво на слобода на медиумите има во Иран, Кина, Сирија и Северна Кореа. На дното на табелата се најдоа и Русија и Турција.