На самитот во Минск за Украина „битка на нерви“

Тензичниот состанок на лидерите на Украина, Русија, Германија и Франција во Минск трае над единаесет часови околу планот за ставање крај на 10 месечните борби во источна Украина. На состанокот во главниот град на Белорусија учествуваат Владимир Путин, Петро Порошенко, Ангела Меркел и Франсоа Оланд. Според оценките станува збор за последна шанса за мир.Четворицата лидери одржале серија разговори зад затворена врата но досега ништо не е соопштено. Планирано е тие да потпишат заедничка декларација. Изгледите за напредок на состанокот се под сенка на продолжувањето на борбите во источна Украина.