Иран бара „вин-вин“ исход во нуклеарните преговори

Иранскиот претседател, Хасан Рохани вели дека Иран бара „вин – вин“ исход во нуклеарните преговори со светките сили. Рохани ова го изјави на собирот по повод одбележувањето на годишнината од револуцијата во 1979 година. Тој рече дека „вин – вин“ исход значи Иран да биде транспарентен во своите нуклеарни активности, во замена за отстранување на погрешните, нелегални и погрешни санкции кон Иран.

Иранскиот претседател исто така вети дека ќе го брани правото на Иран на преговорите кои имаат цел да се постигне договор за спречување на Техеран во намерата да добие нуклеарно оружје. Шесте сили и Иран се договорија да најдат политичка рамка за договор да март и сеопфатен договор до 30 јуни.