Почеток на преговорите на самитот за Украина во Минск

Belarus -- Russian President Vladimir Putin arrives in Minsk, February 11, 2015

Лидерите на Украина, Русија, Германија и Франција пристигнаа во Минск на самитот со цел ставање крај на 10 месечниот конфликт во источна Украина. Петро Порошенко, Владимир Путин, Ангела Меркел и Франсоа Оланд денеска слетаа во главниот град на Белорусија, за како што ја нарече министерот за надворешни работи на Франција, Лорен Фабиус, последна шанса за преговори за спречување на конфликтот. Во пресрет на самитот, борбите и спротиставените интереси продолжуваат во војната во источна Украина, во која загинаа повеќе од 5350 луѓе. Портпаролот на Меркел рече дека состанокот нуди трошка надеж, но ништо повеќе.