Последна шанса за запирање на украинскиот конфликт

Лидерите на Германија, Русија, Франција и Украина денеска ќе се состанат во Минск, за како што францускиот министер за надворешни работи, Лорен Фабиус ја нарече последна шанса за преговори за запирање на конфликтот во источна Украина.

Во пресрет на самитот, борбите и спротиставените интереси продолжуваат во војната во источна Украина, во која загинаа повеќе од 5350 луѓе. Портпаролот на Меркел рече дека состанокот нуди трошка надеж, но ништо повеќе.

Во меѓувреме, командантот на американските воени сили во Европа, генерал потполковник, Бен Хоџис соопшти дека руските сили директно се вклучени во источниот град Дебалцеве и дека Русија има 10 илјади трупи на источната украинска граница.