Времето денеска: променливо облачно

Во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Во крајните западни делови и на планините се уште ќе има услови за провејување на слаб снег, а веќе во попладневните часови ќе има намалување на облачноста. Ќе дува умерен повремено засилен северен ветер кој повеќе ќе биде изразен долж Повардарието и во источните делови. Утринската температура ќе се движи од минус 11 до минус три, а дневната од минус два до шест степени. Во Скопје претпладне ќе преовладува сончево време со мала до умерена локална облачност која во попладневните часови ќе се намалува и ќе донесе претежно ведро време. Ќе дува умерен повремено засилен ветер од северен правец. Утринската температура ќе се спушти до минус пет, а дневната ќе се искачи до четири степени.