Русија ќе одговори дипломатски на вооружувањето на Украина

Nikolai Patrushev, the head of the Kremlin’s Security Council.

Шефот на Советот за безбеднот на Кремљ изјави дека доколку САД одлучи да ја снабдува Украина со оружје, Русија најверојатно ќе одговори дипломатски, а не со воена акција.

Николај Патрушев денеска беше цитиран од руската новинска агенција ТАСС, како вели дека пратките со оружје до украинските владини сили ќе значат дополнителна ескалација на конфликтот во источна Украина. Но, за можната одмазда на Русија доколку САД достави оружје за Украина, Патрушев рече дека смета оти Русија ќе реагира дипломатски.

САД, НАТО, ЕУ и Киев ја обвинија Русија дека распоредува трупи и доставува тешко вооружување за поддршка на проруските сепаратисти во источнна Украина. И покрај растечките докази за овие тврдења, рускиот претседател Владимир Путин негира дека Русија праќа војници и оружје во Украина.