Црна Гора е блиску до членство во НАТО

Меѓу земјите членки на Европската унија има замор од проширувањето, но оптовареноста на Европската унија со сопствените проблеми не може да влијае на динамиката на интеграција, која е многу важна за Балканот, но и за ЕУ и НАТО, изјави претседателот на Одборот за европски работи на Бундестагот, Гинтер Кринбаум во интервју за подгоричкиот весник „Побједа“.

Тој додаде дека Црна Гора е важна држава во регионот, на која НАТО и е на дофат на раката и за неколку години ќе стане членка на ЕУ, така што уморот и оптовареноста на ЕУ со сопствените проблеми не може да влијае на динамиката на интеграците, истакна Крихбаум.

Тој наведе дека Бундестагот внимателно ги следи реформите во поглавијата 23 и 24 од пристапниот договор и е задоволен од темпото, но и предупредува дека има уште многу работа.

„Црна Гора спроведе големи реформи во делот на владеење на правото и борба против организираниот криминал и корупцијата, но тоа мора да продолжи. Ја охрабруваме Црна Гора да продолжи со реформите кои не се важни само поради Берлин, Брисел и Париз туку и поради црногорските граѓани, посочи Крихбаум“, вели Крихбаум.