Телевизорите на Самсунг прислушуваат

Внимавајте што зборувате во вашата дневна соба. Таканаречените паметни телевизори можат да ве слушаат и тоа да го емитуваат. Технологијата за препознавање на гласот и телевизорите поврзани на интернет на јужнокорејската компанија Самсунг може вашата домашна приватност да ја пренесува. Ова се наведува на веб страницата на Самсунг при што се додава дека ваквата опција може да биде исклучена. Критичарите велат дека оваа функција потсетува на уредот од романот на Џорџ Орвел „1984“, наречен „телескрин“што се користи за да се шпионираат граѓаните. Ова не е прв пат паметни телевизори да предизвикуваат загриженост за приватноста. Во 2013 година, еден корисник откри дека неговиот ЛГ телевизор испраќал информации за неговите навики за следење телевизиска програма.