Германски рапер, глобален терорист

Соединетите држави го назначија 39 годишниот Денис Кусперт за глобален терорист. Тој им се приклучил на милитантите на Исламската држава во 2012 година и се појавил во неколку пропагандни видеа, вклучувајќи го и видеото во кое тој држи отсечена глава на наводно човек кој бил против Исламската држава. Стејт департментот наведува дека Кусперт кој сега се именувал Аби Талха ал Алмани регрутирал Германци за да им се приклучат на исламските милитанти.