СДСМ: Прислушкувани над 20 илјади луѓе

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев објави дека најмалку 20 илјади луѓе биле прислушкувани во изминатите неколку години. Тој обвини дека прислушкувањето било масовно и незаконско, а го споведувале неколку луѓе од безбедносните служби по директна наредба на директорот на УБК Сашо Мијалков и премиерот Никола Груевски. Тој објави аудио снимка на која нашата новинарка Мирјана Спасовска го бара за изјава и потоа следи целиот нивен разговор.

СДСМ поднесе кривични пријави против директорот на УБК Сашо Мијалков, раководителот на Петтата управа на МВР Горан Груевски и непознати лица во безбедносните служби. Во прислушкуваните разговори нема само разговор меѓу Мијалков и Груевски, што зборува дека тие стојат зад ова, изјави Заев.