Меркел во Вашингтон за Украина

Германскиот канцелар Ангела Меркел е во Вашингтон на разговори со американскиот претседател Барак Обама за решавање на конфликтот во Украина. До оваа посета доаѓа откако германската влада соопшти дека лидерите на Германија, Франција, Украина и Русија на 11 овој месец ќе одржат состанок во Минск. Претходно Меркел, Оланд, Порошенко и Путин имале телефонски разговор. Меркел на безбедносната конференција во Минхен изрази убеденост дека конфликтот во Украина не може да се реши со војна.