Косовската опозиција бара фонд за спречување на иселувањето

Опозициските партии во Собранието на Косово побараа од владата да формира фонд за спречување на заминувањето на косовските граѓани. На заедничката прес конференција на Алијансата за иднина на Косово, движењето Самоопределување и Инцијативата за Косово беше наведено дека владата треба да одвои 40 милиони евра за да се создадат услови за отворање нови работни места. Според нив, иселувањето не може да се спречи со полициски мерки. Косовските Албанци во изминатиов период масовно ја минувале границата меѓу Србија и Унгарија, бегајќи, како што велат, од сиромаштијата на Косово.