Протести на британските муслимани во Лондон

Дејвид Камерон

Илјадници британски муслимани вчера во близина на кабинетот на премиерот Дејвид Камерон протестираа против карикатурите на пророкот Мухамед во францускиот сатиричен магазин „Шарли ебдо“. Марширајќи по Даунинг стрит тие извикуваа „Го сакаме пророкот Мухамед повеќе од нашите животи“ и „Навредата не е слобода“. Тие во владата предадоа петиција на која се потпишани 100 илјади британски муслимани.