Во Египет 19 загинати во судири меѓу фудбалски навивачи и полицијата

Египетските медиуми јавуваат дека во судирите меѓу полицијата и фудбалски навивачи во Каиро загинале 19 луѓе. Натпреварот меѓу „Замалек“ и „Енби“ беше отворен за јавноста за разлика од повеќето други кои се затворени по крвавите насилства на стадионот во Порт Саид во пред три години кога загинаа над 70 луѓе. Државната телевизија јави дека вчерашната трагедија се случила во моментот кога стотици навивачи сакале со сила да влезат во стадионот.