Серија напади врз позициите на ИД

Шефот на воздухопловните сили на Јордан изјави дека воени авиони на на земјата спровеле 56 напади врз милитантите на исламската држава во последните три дена. Мансур ал Џбур изјави дека биле уништени логистички центри, складишта со оружје и скривалишта на нивните борци.
Јордан соопшти дека ќе се одмазди остро против милитантната група Исламска држава која објави видео на кое заробен јордански пилот беше запален жив во кафез. Во меѓувреме, Обединетите Арапски Емирати најавија дека ќе испратат ескадрила на Ф-16 борци во Јордан да се приклучат на нападите на коалициските сили кон позициите на ИД во Сирија и Ирак. Обединетите Арапски Емирати ги повлекоа воените авиони откако јорданскиот пилот беше фатен на територија под контрола на ИД. Во Минхен, американскиот државен секретар Џон Кери изјави дека во серијата напади предводени од коалицијата која започна во август минатата година, силите на теренот во Сирија и Ирак повратиленазад околу 20 отсто од територијата која беше окупирана од милитантите на Исламската Држава.