Во Тунис уапсени 32 екстремисти

Властите во Тунис уапсиле 32 екстремисти и спречиле реализација на амбициозен план за напад на цивилни и воени мети ширум земјата, јави официјалната агенција ТАП. Според извори на агенцијата, министерството за внатрешни работи соопштило дека некои од уапсените биле борци на фронтовите во Сирија. Ловт по останатите е се уште во тек, а властите посебно внимаваат на оние луѓе кои се враќаат од Сирија во Тунис. Новата влада на Тунис неодамна ја презеде должноста по долгиот период на транзиција од автократија во демократија како последица на Арапската пролет. Една од клучните задачи на новата Влада е борбата со екстремизмот кој е во пораст откако демонстрантите во 2011 година ја отфрлија автократската власт во земјата.