Клучен момент за иранската нуклеарна програма

Шефот на нуклеарната агенција на ОН изјави дека разговорите меѓу Иран и Меѓународната агенција за атомска енергија го постигнале клучниот момент. Генералниот директор на агенцијата Јукија Амано изјави дека Иран треба да ги засили разговорите со неговата агенција и да се расчистат клучните аспекти на нуклеарната програма. Во Минхен, Амано се состана со иранскиот министер за надворешни работи Мохамед Џавад Зариф, иако не се откриваат други детали од нивните разговори. Западот се сомнева дека Иран ја користи својата нуклеарна програма за тајно произвводство нануклеарно оружје, нешто што Техеран силно го негира. Во ноември минатата година, ИАЕА објави извештај во кој се вели дека Иран не успеа во целост да одговори на сомневањата дека може да се работи за дизајнирање на нуклеарна бомба. Следниот детален извештај се очекува кон крајот на овој месец, но Амано одби да коментира за тоа.