ЛДП даде поддршка за објавување на бомбата

Претседателот на Либерално Демократската Партија, Горан Милевски денеска го одржа првиот состанок на новоизбраниот Централен Одбор.

-Либерално Демократската Партија го свика овој Централен Одбор со цел да даде целосна поддршка на Зоран Заев, претседател на СДСМ да отпочне со постапката на обзнанување на материјалите со кои ќе се дознае начинот на владеење на оваа власт“, рече во изјава за медиумите претседателот на ЛДП, Милевски непосредно пред почетокот на состанокот на ЦО.

На седницата на Централниот Одбор била едногласно донесена одлука да се даде поддршка на Заев да се почне со објавувањето на материјалите кои ги поседува со кои ќе се разоткрие начинот со кој оваа власт управува и ги организира изборите во Македонија. Воедно беа усвоени и заклучоците со кои ЛДП, во координација со СДСМ и здружената опозиција ќе го започне проектот “Вистината за Македонија“.