Тројца ранети во напад во Сана

Тројца луѓе се повредени кога експлодирала бомба во улицата која води до претседателската палата во главниот јеменски град Сана, соопштуваат претставници на јеменската безбедност. Шиитските бунтовници ја презедоа контролата над државните институции, го распуштија парламентот и воспоставија нова власт во оваа најсиромашна држава во регонот, која во исто време е дом на најопасното крило на терористичката организација Ал Каеда. Бунтовнците се лути непријатели на Ал Каеда, но во исто време се и непријателски настроени кон Соединетите Држави и кон јеменскиот сосед Саудиска Арабија. Иран е земјата која како заштитник на шиитите во регионот се смета за нивен патрон.