Меркел и Оланд со мировниот план кај Путин

Германската Канцеларка Ангела Меркел и францускиот претседател Франсоа Оланд се сретнаа со рускиот претседатл Владимир Путин, за да направат дипломатски притисок за мир во источна Украина.

Меркел и Оланд му го претставуваат на Путин новиот предлог за крај на конфликтот помеѓу владините сили во Украина и проруските сепаратискти, во кој загинаа повеќе од 5350 луѓе и го кренаа тензиите меѓу Истокот и Западот на ниво кое не е видено од крајот на Студената војна.

Портпаролот на Путин, Дмитриј Песков, рече дека лидерите се состанале во Кремљ, без други членови на делегации или службеници на пониско ниво. Деталите од предлогот се уште се чуваат во тајност, но украинскиот претседател Петро Порошенко рече дека разговорите во Киев даваат надеж за прекин на огнот. Путин се соочува со зголемен притисок од Западот да се откаже од поддршката на сепаратистите.