Милитантите на ИД запалија тројца живи луѓе во Ирак

Радио Слободен Ирак објави дека милитантите на Исламскат држава запалиле најмалку тројца живи луѓе во западната ирачка провинција Анбар. Жртвите биле осомничени дека ги информираат ирачките безбедносни сили за движењата на милитантите.

Дописниците јавуваат дека милитантната група исто така ги обвинила жртвите дека ги охрабрувале луѓето да им се приклучат на племенските сили во борбата против Исламската држава. Жителите на областа наводно биле принудени да дојдат да гледаат како жртвите горат.