Обама претстави нова стратегија за безбедност

Белата ќуќа ја претстави новата стратегија за безбедност и потребата САД да ја врати водечката улога во обезбедувањњето на „правилата базирани на меѓународниот поредок“ и мобилизирање на глобалните напори во низата на безбедносни фронтови, вклучително и прекинувањето на руската агресија.

Американскиот претседател Барак Обама во документ кој беше објавен денеска, вели дека САД ги води „меѓународните коалиции во соочувањето со актуелните предизвици, како агресијата, тероризмот и болестите.“

Обама рече дека Вашингтон е во чекор со европските сојузници и дека спроведувањето на строгите санкции кон Русија е за да се спречи идната агресија, и е одговор на дејствијата на Кремљ во Украина.

Документот, кој дава широк преглед на приоритетите на надворешната политика на Обама, наведува голем број ризици, влкучително и ширењето на нуклеарното оружје, исламистичкиот тероризам и деструктивни сајбер напади.