Загина азербејџански војник во Нагорно -Карабах

Азербејџан соопшти дека еден од нивните војници во престрелка на отцепениот регион Нагорно – Карабах. Министерството за одбрана соопшти дека војникот Фарид Агајев вчера бил тешко ранет во размена на оган со ерменски војници, а потоа им подлегнал на повредите.

Неколку војници на Ерменија и Азербејџан во престрелки беа убиени во последните неколку недели. Баку и Јереван меѓусебно се обвинуваат за прекрување на договорот за прекин на огнот. Односите меѓу двете земјои се напнати во последните 25 години, како резултат на конфликтот околу Нагорно – Карабах. Ерменските сепаратисти го зазедоа регионот од Азербејџан во војната во раните 90-ти, кога беа убиени 30 илјади луѓе.