Џо Бајден: Украина се бори за опстанок

Американскиот потпретседател, Џо Бајден рече дека Украина се бори за својот опстанок, во моменти на ескалацијата на руската вмешаност во конфликтот меѓу владиние сили и сепаратистите во источниот дел на земјата.

Говорејќи денеска заедно со шефот на Советот на Европа во Брисел, Доналд Туск, Бајден рече дека Русија продолжува со ескалацијата на конфликот со испраќање на платеници и тенкови. „Не може да и биде дозволено на Русија да ја прецрта картата на Европа“, рече тој додавајќи дека “ова е момент кога САД и Европа мора да се обединат“.

Вчера Државниот секретар Џон Кери, рече дека Русија ја продолжува агресијата на истокот и дека тоа е најтешката закана со која Украина денес се соочува. Тој исто така изјави дека претседателот Барак Обама наскоро ќе одлучи дали ќе и обезбеди на Украина смртоносно оружје за борбата против сепаратистите.