СБ на ОН за безбедноста на Косово

Советот за безбедност на Обединетите нации денеска ќе ја разгледа ситуацијата на Косово врз основа на редовниот извештај на генералниот секретар Бан Ки Мун. На седницата ќе учествуваат шефовите на дипломатиите на Србија и на Косово Ивица Дациќ и Хашим Тачи. Во извештајот за периодот од октомври до јануари, Бан Ки Мун апелира до лидерите на сите политички ентитети на Косово да го надминат политичкиот застој и да преземат чекори за воспоставување специјален суд за злосторства.