НАТО ќе постави шест нови бази во источна Европа

Шефот на НАТО, Јенс Столтенберг денеска соопшти дека Алијансата се согласила веднаш да постави шест бази во источна Европа и да воспостави ударна сила од 5000 војници, како одговор на руската агресија во Украина.

Столтенберг, говорејќи на прес – конференција во Брисел, по сердбата со министрите за одбрана на НАТО, рече дека Франција, Грманија, Италија, Шпанија, Полска и Британија се согласиле да ја преземат водечката улога во формирањето на ударната сила.

„Се одлучивме да ги воспоставиме првите шест мултинационални команди и контроли во Бугарија, Естонија, Латвија, Литванија, Полска и Романија“, рече тој. Ударните сили ќе бидат поддржани од уште две бригади. Вкупно, силите на НАТО ќе се зголемат за 30 илјади трупи, од сегашната бројка од 13 илјади.