НАТО центарот во Грузија не е закана за Русија

Џејмс Апатурај

Специјалниот претставник на НАТО за Кавказ и Централна Азија Џејмс Апатурај изјави дека планираниот заеднички тренинг центар во Грузија нема ништо заедничко со сегашната безбедносна ситуација во регионот. „Центарот е со единствена задача, обука“, рече тој во интервју за Радио Слободна Европа.Според него, центарот ќе и помогне на Грузија да го реформира, модернизира и зајакне одбранбениот сектор. Грузиската намера да стане членка на НАТО беше една од главните причини за петдневната војна со Русија во 2008 година.