Во Вашингтон традиционален Молитвен појадок

Денеска во Вашингтон се одржува 62 национален Молитвен појадок. Станува збор за заедничка молитва на американскиот претседател, членови на Конгресот и други американски политичари и гости од стотина земји. На годинашниот појадок ќе учествува и протераниот духовен лидер на Тибет Далај Лама. Кина деновиве го предупреди Вашингтон дека се противи на секакви средби на Далај Лама во Соединетите држави. Според Пекинг, тој заговарал отцепување на Тибет од Кина.