Јордан ја погуби милитантката од ИД

Безбедносни и владини извори во Јордан велат дека милитантката од Ирак, Сајида Aл Ришави е погубена заедно со уште еден ирачки милитант. Новинската агенција Ројтерс ги цитираше безбедносните служби како велет дека ал Ришави била обесена денеска во раните утрински часови заедно со уште еден затвореник, кој е опишан како висок претставник на Ал Каеда, осуден за заговори против Јордан.

Ал Рашави е осудена на смртна казна за нејзината улога во троен бомбашки напад на хотел во јорданскиот главен град Аман во 2005 година, во кој загинаа десетици луѓе.

Милитантите на Исламската држава бараа ослободување на Ал Рашави, во замена за ослободување на пилотот од Јордан, Муат Ал Касаебе, кој беше заробен на крајот на декември, кога неговиот авион се урна во Сирија. Исламската држава објави видео на интернет, покажувајќи како Касаебе гори жив.