Северна Кореа: не преговараме со „гангстерски“ САД

Северна Кореа денеска соопшти дека не гледа потреба да разговара со Соединетите држави, бидејќи, како што е наведено, „гангстерски американски империјалисти заговараат уривање на северно корејската држава“. Во соопштението на Комисијата за национална одбрана се додава дека армијата и народот на северна Кореа решиле оти веќе немало потреба да преговараат со Соединетите држави и Јужна Кореа. Пјонгјанг вообичаено ги крева тензиите пред редовните воени вежби на Соединетите држави и Јужна Кореа што се одржуваат секоја година во почетокот на март.