Милитантите на ИД го убија пилотот од Јордан

Во видео објавено денеска на интернет, милитантите на Исламската држава покажуваат како јорданскиот пилот гори жив. Видеото покажува слики за кои милитантите велат дека заробениот пилот Маз ал Касаебе гори во црн метален кафез.

Касаебе беше заробен од милитантите на Исламската држава, откако неговиот воен авион Ф-16 се урна на 24 декември во близината на градот Рака во Сирија. Касаебе извршуваше воени напади против милитантите на Исамската држава, како дел од меѓународната коалиција предводена од САД.

Роднините на Касаебе потврдија дека биле информирани од страна на шефот на вооружените сили на Јордан, дека тој е убиен. Белата куќа во Вашингтон соопшти дека остро ги осудува милитантите.