ОН повикаа да запре катастрофата во Украина

Комесарот за човекови права на Обединетите Нации, Зеид Раад Ал Хусеин, вели дека бројот на жртвите во источна Украина надминува 5358 луѓе и ги повика двете страни да ја запрат потенцијалната катастрофална ескалација на борбите меѓу пеоруските сепаратисти и владините сили.

Денеска тој изјави дека во последните три недели најмалку 224 цивили се убиени и 545 повредени. Во изјавата е наведено дека Обединетите Нации веруваат дека вистинската бројка на жртвите и повредените во Украина е значително повисока.

Секоја натамошна ескалација ќе биде катастрофална за над 5 милиони луѓе, кои живеат во средината на конфликтот во источна Украина, рече Зеид. Тој ги повика владите и сите кои влијаат во регионот да преземат мерки и да обезбедат целосна согласност за прекин на огнот и за спроведување на мировниот план потпишан во септември во Минск, се вели во соопштението.