АИ: двете страни одговорни за цивилните жртви во Украина

Амнести интернешнал соопшти дека има собрано грозоморни докази за убиства на цивили што во изминативе денови биле извршени и од проруските сепаратисти и од украинските сили во источна Украина. Оваа организација ги обвини и двете страни за кршење на меѓународното хуманитарно право со напади врз Доњецк кој е под контрола на проруските сепаратисти и врз Дебалцеве град што го држат украинските владини сили. Досега во конфликтот што почна во април лани, според Обединетите нации, загинале над 5 илјади и 100 луѓе.