Елијасон: Украинскиот конфликт го разбуди духот од Студената војна

Заменик генералниот секретар на Обединетите нации Јан Елијасон

Заменик генералниот секретар на Обединетите нации Јан Елијасон изјави дека украинскиот конфликт ќе влоши односите меѓу Русија и Западот до точка кога повторно се крена духот на Студената војна. Во своето обраќање во Комитетот за надворешни односи на Европскиот парламент, тој изрази надеж дека недостигот на доверба меѓу главните светски сили нема да се одрази врз преговорите со Иран за неговата нуклеарна програма или врз напорите за ставање крај на војната во Сирија. Според него, ангажирањето на Обединетите нации во Украина не било доволно силно. „Украина ги покажа ограничувањата кои ги имаат Обединетите нации кога во Советот за безбедност не може да се постигне согласност за заедничка акција“, рече тој.