Во Хаг пресуда за обвинувањата меѓу Србија и Хрватска за геноцид

Меѓународниот суд на правдата денеска во Хаг ќе изрече пресуда во повеќе годишниот спор во кој Хрватска и Србија меѓусебно се обвинуваат за геноцид. Главниот судија Петер Томка ќе ја прочита пресудата во случајот што шефот на српската дипломатија Ивица Дациќ го оцени за еден од најзначајните настани во билатералните односи меѓу двете земји. Загреб поднесе обвинување во Судот во 1999 година за геноцид за време на војната за независност на Хрватска по распадот на поранешна Југославија. Во 2010 година Белград покрена обвинување за протерување на 200 илјади Срби од Хрватска по офанзивата за повторно враќање на територијата.