Конгресмените бараат детали за новата политика на САД спрема Русија

Американски конгресмени бараат детали за сегашното преразгледување на Белата куќа на нејзината политика спрема Русија поради интензивирањето на насилствата меѓу украинските сили и проруските бунтовници. Ресорните комитети на Сенатот и на Претставничкиот дом бараат информации за новата американска политика спрема Москва. „Конгресот мора да биде информиран со целиот процес“, изјавија за Радио Слободна Европа извори во сенатскиот комитет за надворешни односи по извештаите дека американската администрација покренала сеопфатен преглед на политиката спрема Русија по нејзините дестабилизирачки акции во Украина.