Лавров: Вашингтон е инволвиран во пуч против украинскиот претседател

Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, тврди дека неодамнешните коментари на претседателот на САД, Барак Обама, во врска со договорот со меѓународно посредство за решавање на украинската криза од минатата година, докажуваат дека Вашингтон е инволвиран во пуч против претседателот на Украина, кој беше поддржан од Москва.

Во вчерашното интервју за Си-Ен-Ен, Обама рече дека верува оти мешањето на Русија во Украина се случи делумно, бидејќи откако претседателот Владимир Путин се нашол „надвор од рамнотежа“ по бегството на претседателот Виктор Јанукович, тие издејствувале договор за транзиција на власта во Украина.

Обама јасно укажуваше на договорот потпишан од страна на Јанукович и лидерите на опозицијата на 21 февруари 2014 година, кој предизвика создавање на национална влада пред претседателските избори во декември, рече Лавров.

Јанукович, кој предизвика масовни демонстрации во Киев со одбивањето да го потпише договорот со Европската унија во ноември 2013 година, се откажа од претседателскат позиција и побегна во Русија, кратко по потпишувањето на договорот со опозицијата.

Лавров ова денеска го соопшти од Пекинг, додавајќи дека коментарите на Обама се доказ дека од самиот почеток САД се инволвирани во антивладиниот пуч во Киев, кој Обама неутрално го опиша како „транзиција на моќ“. Лавров не објасни како коментарите на Обама ги докажуваат неговите тврдења.