Обама го испрати до Конгресот буџетот од 4 трилиони долари

Претседателот на САД, Барак Обама, го испрати до американскиот Конгрес буџетот од 4 трилиони долари за фискалната 2016 година, според кој треба да се зголемат даноците за побогатите Амриканци и корпорации, како и да се зголеми домашната потрошувачка.

Се очекува планот да предизвика уште еден судир со републиканците кои се противат и кои во моментов ги контролираат двата дома на конгресот.

Администрацијата на Обама вели дека со буџетот цели кон зајакнување на средната класа и да им помогне на „вредните семејства да напреднат во време на немислосрдни економии и технолошки промени.“

Тој нагласува дека минатиот месец ги поттикнал истите теми, кога го предизвикал Конгресот да работи со него за да се намали јазот помеѓу богатите и сите останати. Републиканците го обвинуваат Обама дека се обидува да ги врати даночните политики кои ќе и наштетат на економијата.