Грција нема да бара заем од Русија

Грчкиот премиер Алексис Ципрас, денеска при посетата на Кипар изјави дека излегувањето на Грција од еврозоната ќе значи ампутирање на Југоисточна Европа. Во однос на извештаите дека претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер размислува да стави крај на моделот на тројката, Ципрас рече дека тоа ќе биде „зрело и неопходно за развој на Европа“. Тој меѓу другото сугерираше дека сите Европејци ќе имаат корист од новата грчка Влада и од постигнување на нов договор со партнерите од еврозоната. Исто така, грчкиот премиер соопшти дека нема намера да побара заем од Русија и дека имаат обврски кон европските партнери кои и го дадоа заемот на Грција.